Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ во „Стожице“ официјално се прости од овој спорт.
Целиот спектакл траеше повеќе од три часа. Секако, во центарот на вниманието беше самиот Горан, кому многу спортски работници, пријатели, семејство, поранешни соиграчи и тренери испратија емотивни пораки кои не му беа лесно да ги проголта.
Она што беше исто така убаво да се види е неговото семејство кое излезе на терен кон крајот на натпреварот. Во последните три минути таткото Маринко, братот Зоран и двата сина заедно со Горан одиграа меч против избраниците на Лука Дончиќ.
Секако, шоуто го украдоа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во тандем, а одлични беа и Богдан Богдановиќ, Бобан Марјановиќ и Стив Неш, кои со своите настапи уште повеќе ја подигнаа атмосферата.
Jokić pouring water on Luka, a classic pic.twitter.com/B4RTpZ1nLn
— SLO HOOPS FAN 🇸🇮 (@SloHoopsFan) August 24, 2024