Кошарка

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Пејачката Ана Седокова, поранешна сопруга на латвискиот кошаркар Јанис Тима, е осомничена дека го нарачала убиството на нејзиниот поранешен сопруг во шокантен пресврт на она што првично се веруваше дека е самоубиство.

Телото на 32-годишниот Тима, поранешниот сопруг на Седокова, беше откриено ноќта на 17 декември во влезот на една петкатница во центарот на Москва. Според првичните податоци, тој се самоубил.

Во меѓувреме пристигнаа бројни непроверени извештаи за причините за смртта, од гушење до тоа дека скокнал од станот.

Многу пријатели на Тима не веруваа дека се работи за самоубиство, а блогерот и пријател на починатиот кошаркар Марк Пугачов даде изјава во која го потврди покренувањето на кривична постапка во Латвија поради смртта на Тима, изразувајќи сомнеж за неговото убиство.

Марк не спомна никакви имиња, но каналот Телеграм Маш објави дека се работи за поранешната сопруга на Тима, Ана Седокова.

To top