Кошарка

Со тројка во последната секунда МЗТ обезбеди победа

Со тројка во последната секунда МЗТ обезбеди победа

Македонскиот машки кошаркарски шампион МЗТ Скопје се израдува на втората победа во регионалната конкуренција.

Во натпревар од 3. коло од АБА2 лигата, МЗТ го совлада на гости Студент со 85-82.

Аеродромци започна силно и по првата четвртина имаа предност од 27-19.

Во вториот период, сино-белите продолжија во одличен ритам и на полувремето имаше двоцифрена предност од 47-37.

МЗТ ја зголеми предноста на 57-43 во третата четвртина, но Студент не се предаде и успеа да направи пресврт. Во последните минути, Студент ја презеде контролата на резултатот и поведе со 73-70.

Сепак, македонскиот тим покажа храброст и се врати во игра. Клучната тројка на Војдан Стојановски во последната секунда му донесе на МЗТ победа.

МекКејден беше најефикасен за победничкиот тим со 26 поени, четири скокови и три асистенции.

Стојановски заврши со 20 поени, три скокови и две асистенции. Ба спротивната страна, Фаракан беше најпрецизен за Студент со 27 поени, еден скок и седум асистенции.

 

 

To top