Кошарка

Скандал во Црна Гора: Навивачите на Будуќност и Сутјеска се гаѓаа со столици

Скандал во Црна Гора: Навивачите на Будуќност и Сутјеска се гаѓаа со столици

Натпреварот од Првата црногорска кошаркарска лига меѓу Сутјеска и Будуќност во Никшиќ е прекинат на средината од втората четвртина поради инцидент меѓу навивачите на двете екипи.

Гостинските фанови „Варвари“ влетаа на теренот низ службениот влез кој бил отворен, почнале да ги провоцираат домашните приврзаници со кои влегоа во конфликт, а потоа следувала реакција на „Војводи“ и гаѓање со столици.

 

To top