Јуниорите на Кошаркарскиот клуб Реал славеа на завршниот турнир од Квалитетната лига на Белград против Визура со 74-73, но натпреварот го одбележа масовна тепачка по завршувањето на натпреварот.
Младите играчи од двете страни влегоа во физичка пресметка, но можеби таа ќе поминеше без големо внимание ако не се приклучеше легендарниот српски кошаркар Милан Гуровиќ.
Тој е сопственик на КК Реал и беше во салата во која се играше натпреварот и кога забележа дека има тепачка, полугол влета да ги раздвои завојуваните страни.
Откако не успеа во тоа, почна и тој да дели боксови, претепа еден од највоинствените, а уште еден го тресна од ѕид.