Брони Џејмс, синот на Леброн Џејмс, и официјално е нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс.
Она што се шпекулираше во последните денови, на вториот дел од НБА драфтот беше потврдено – Брони Џејмс, како 55-ти пик беше избран од клубот каде што настапува неговиот татко. Историјата е испишана, затоа што за првпат ќе видиме татко и син во ист НБА тим во исто време.
Како што рече Боб Мајерс, поранешен генерален директор на Голден Стејт Вориорс, Рич Пол, агентот на Леброн и Брони Џејмс, им се заканувал на тимовите дека Брони ќе игра во Австралија доколку го избере друг тим освен Лос Анџелес Лејкерс.
Никој не го зеде Брони, кој пред овој драфт беше рангиран како 72. потенцијал во оваа класа, а потсетуваме дека има 60 пикови на НБА драфтот.