Кошарка

Шрудес пред соработка со Голден Стејт, Батлер се сели во Далас?

Шрудес пред соработка со Голден Стејт, Батлер се сели во Далас?

Германскиот кошаркарски репрезентативец Денис Шрудер наводно е блиску до преселба во редовите на Голден Стејт.

Шрудер игра одлична сезона со просек од 18,6 поени, а Бруклин нема големи амбиции сезонава, со оглед на тоа што е во период на подмладување на тимот и посакува подобра позиција на драфтот.

Во насока на разделба на Шрудер и Бруклин оди и фактот што неговиот договор истекува по крајот на сезоната.

Во Мајами пак се подготвени за разделба со Џими Батлер, големата ѕвезда на Хит која добила дозвола да размислува за промена на дресот, а може да донесе посакуван квалитет за било кој тим во НБА.

„ЕСПН“ тврди дека Батлер е најблиску до два тексашки клубови, односно Далас и Хјустон, кон Ракетс го води фактот што Хјустон е негов роден град, додека кон Далас фактот што со Дончиќ и Ирвинг би имал поголеми амбиции уште сезонава.

To top