Во најсилната светсска кошаркарска конкуренција, НБА лигата, веќе се појавија шпекулации за можен трејд на најдобриот кошаркар на оваа екипа Јанис Адетокумбо.
Според директорите на НБА, растат очекувањата во лигата дека ѕвездата на Милвоки би можел да биде разменет во тековната сезона. За ова пишува и новинарот на CBS Sports, Бил Рајтер.
„Тимовите кружат и се надеваат“, рече анонимен извршен директор на тимот од Западната конференција. Друг функционер призна дека „нема да биде изненаден“ ако Адетокумбо биде „истргуван“ пред крајниот рок за трејдови – 8 февруари.
Мајами и Бруклин се најпосакуваните трговски опции за грчкиот кошаркар.