Кошарка

Шкупи по пауза од пет години се враќа во Првата кошаркарска лига

Шкупи по пауза од пет години се враќа во Првата кошаркарска лига

Во третиот, и решавачки натпревар, кошаркарите на Шкупи стигнаа до убедлив триумф над Маџари (77:59), доволен за враќање во Првата македонска лига.

Претходно, тоа им појде од рака и на играчите на МКК Куманово, кои беа подобри од екипата на Ангели во два одиграни натпревари, па овие две екипи во меѓусебен дуел, во финалето, закажано за 11 мај (сабота) во Куманово, ќе одлучат и кој ќе биде шампион на Втората лига-мажи за сезоната 2023/2024.

Прво поентерско име кај Шкупи, со 18 реализирани поени беше Величковски, Тачи реализираше 15, Балоски даде 11, а Двојаковски имаше уште 10.

To top