Шекил О’Нил, легендарниот американски центар, смета дека падот на гледаноста во НБА се должи на зголемениот број на удари за три поени.
-Имам теорија. Гледаноста е намалена затоа што продолжуваме да го гледаме истото. Денеска сите екипи шутираат тројки. Сите ги прават истите потези во проклетата област зад линијата за три поени, со дриблинг и чекор назад. А гледаноста ќе продолжи да паѓа доколку не се вратиме на она што го правевме претходно, вели популарниот Шек.
О’Нил ова го изјави по натпреварот помеѓу Голден Стејт и Далас на кој беа реализирани 48 тројки, најмногу во историјата на НБА. „Вориорс“ реализираа 27 тројки, од кои 18 во првото полувреме. Меѓу виновниците секако е и Стеф Кари, најдобриот „тројкаш“ во историјата.
Тој упати седум тројки и беше мета на критики и од Шек, кој рече: „Кари ја уништи кошарката“, заклучи Шекил О’Нил.