Најдоминантниот центар во историјата на НБА лигата, Шекил О’Нил во своите изјави често знае да го подели мислењето на јавноста.
Така беше и сега кога ја одбра идеалната петорка на сите времиња во која нема место Леброн Џејмс.
„Мајкл Џордан, Коби Брајант, Џулиус Ирвинг, Карл Малоун и јас“, изјави популарниот Шек.
„Одредени играчи доминираат со лигата во различни точки во мојот живот. Како дете се дивеев на играчи како Ирвинг, Џоунс, Карим и Бирд“
За О’Нил нема дилема. Најдобар на сите времиња е Мајкл Џордан.
„Тој е тој кој својот статус го потврди со успеси си кои малкумина можат да се мерат и влијанието кое го имаше на оваа игра во текот на својата кариера“