Кошарка

Шејн Ларкин потпиша нов долгогодишен договор со Анадолу Ефес

Шејн Ларкин потпиша нов долгогодишен договор со Анадолу Ефес

Американскиот кошаркар Шејн Ларкин потпиша нов договор со Анадолу Ефес.

31-годишниот плејмејкер кој двапати беше европски првак со Ефес имаше понуди да замине во други евролигашки клубови.

Сепак, Ларкин се реши дека ќе остане верен на турскиот колектив и парафира нов четиригодишен договор. Бидејќи соработката ќе трае до летото во 2028 година, тоа може да значи дека Ефес ќе биде последниот клуб во неговата кариера.

Од доаѓањето во 2018 година Шејн Ларкин израсна во симбол на клубот. Со Ефес двапати ја освои Евролигата, трипати беше шампион на Турција и освои два трофеи во Купот.

To top