Првото полувреме мина во израмнета игра. Најголемата предност ја имаше домаќинот од шест поени, но на пауза Пелистер замина со +3 (32-29). И во третиот квартал си играше израмнет. Во еден миг сино-белите од Аеродром беа оние кои имаа четири поени предност и тоа во неколку наврати.

Сепак, во последниот квартал, влегоа со +2 (49-51). Стартот на последната четвртина во која аеродромци направија серија од 14-3, се покажа како решавачка. Имаше МЗТ најголеми 13 поени предности, но во финишот таа разлика се стопи.

На крајот МЗТ Скопје славеше со +5 (67-72)

.Прв стрелец во победничката екипа беше Американецот, Меккаден со 20, а неговиот сонародник Гоил оствари дабл-дабл со 17 поени и 11 скокови.

Кај Пелистер, 17 поени постигна Стаиќ, а еден помалку Малешевиќ.