Семејството на кошаркарот Стеф Кари доживеала мала драма при излегување од салата на финалниот меч против Франција, бидејќи сопругата и мајката на овој кошаркар биле нападнати од неколку агресивни момчиња.
На видеото може да се види дека сопругата на Кари е расплакана од целата немила ситуација, во која мал удар во главата добило и тримесечното бебе на големата НБА ѕвезда.
Мајката на Кари била далеку понервозна во дадената ситуација и се обидувала да истера правда со полицајците, од кои исто така не биле воодушевени поради заштитата која ја презентирале.
На крајот, работите морал да ги смирува и Дрејмонд Грин, добриот пријател на Кари од Голден Стејт кој беше навивач плус во финалето кое му припадна на „дрим-тимот“ од САД.
Steph Curry’s wife Ayesha Curry was seen tearing up after being attacked & harassed by some French people pic.twitter.com/4EjUJnrI3v
— BAY AREA STATE OF MIND (@YayAreaNews) August 11, 2024