Во клубот од Сомбор од почетокот на оваа година се врши целосна реорганизација, поради што беа донесени неколку клучни одлуки, како на пример повлекувањето од АБА2 лигата. А, сега и заминување на главниот спонзор на клубот – семејството Јокиќ.
„Семејството Јокиќ го напушти клубот. Тие беа главните финансиери на клубот и луѓето одговорни што се е на највисоко можно ниво во Џокер. Спортскиот директор беше изненаден и мораше некако да реагира.
Имавме средба со семејството Јокиќ, поточно Страхиња, кој ни кажа дека тој ќе биде во клубот до 19 јануари, односно завршува со денеска и дека потоа ќе го напушти клубот, дека повеќе нема да учествува во финансирањето, и дека тренерите и играчите се ослободени од обврските“, рече тренерот Лучиќ за „Моцарт спорт“.