Гордон Херберт, кандаскиот тернер со финско потекло последните три години ги мина на селекторското место во германската кошаркарска репрезентација носејќи и голем успех на оваа европска држава предводејќи ја до златниот медал на последното Светско првенство кое се одржа во Јапонија, Филипини и Индонезија.
И покрај големиот успех неговиот ангажман како селектор сепак завршува по престојните Олимписки игри во Париз.
Херберт и германската федерација се разделуваат на пријателски начин бидејќи тренерот цели кон нов предизвик во кариерата – превземање на клуб и тоа изненадувачки.
Според информациите на добро упатениот новинар на „Баскет Њуз“, Донатас Урбонас, Херберт ќе го превземе јапонскиот клуб Чиба Џетс со повеќегодишен договор.