Кошарка

Селекторот Илиевски го објави списокот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Селекторот Илиевски го објави списокот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“

Машката сениорска кошаркарка селекција на Македонија, од самото дно, ќе ги почне новите квалификации. Македонија ќе игра претквалификациите за Евробаскет 2029 во кои за противници ги има „велесилите“ Азербејџан и Ирска.

И во новиот квалификациски циклус, селекторот Марјан Илиевски нема да може да смета на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитриевиќ.

Тој не е на списокот 16 играчи кои Илиевски ги повика за првите два натпревари.

Затоа пак на списокот имаме тројна натурализирани кошаркари. Покрај Џејкоб Вајли, Илиевски ги повика и новите „Македонци“, Омари Мур и Нејт Сестина. Но, правилата се јасни, па само еден од нив ќе може да настапи.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Бобан Стајиќ – Пелистер
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Страхил Николов – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Џејкоб Вајли – Ритас – Литванија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија
Нејт Сестина – Олимпиjа Милано – Италија

Собир е закажан за 24. ноември (понеделник), во 10:30 часот во салата на СРЦ „Кале“. Таму, на 27 ноември, ќе се игра и првиот натпревар кога ќе ја пречекаме селекцијата на Азербејџан (19 часот). Три дена подоцна (30.ноември), Македонија ќе и гостува на Ирска (18 часот).

To top