Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе го стартува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2025 година против Португалија.
Пред патувањето во Матошинос, избраничките на Александар Ашаданов имаа два тренинзи на домашно тло, но некомплетни.
Се очекува во Португалија да им се приклучат Нена Трајчевска и Александра Стојановска. Покрај нив, Ашаданов селектира уште кои 11 кошаркарки ќе патуваат за Португалија и го прокоментира својот избор.
„Немаме многу време за подготовки пред овие два натпревари. Денеска одработивме два, се обидувме да поставиме некои работи кои ќе ни бидат од корист на натпреварите кои следуваат. Утре за Матошинос ќе патуваат 11. кошаркарки, а во Португалија ќе нè чекаат Нена Трајчевска и Александра Стојановска, па во еден комплетен состав ќе одработиме уште некој тренинг се со цела да бидеме што е можно поспремни за предизвиците кои стојат пред нашата селекција“, изјави селекторот.
Анџелика Митрашиновиќ – Пештански Цајки (Словачка)
Матеа Николиќ – Пасаласка Рагуса (Италија)
Александра Стојановска – Кортегада (Шпанија)
Нена Трајчевска – ЦБ Архил (Шпанија)
Мерит Хемпе – Валенсија (Шпанија)
Милица Николиќ – Вебас (Србија)
Ивана Кметовска – Баскет Кам 2011
Елена Тасевска – Баскет Кам 2011
Сања Адамовска – Баскет Кам 2011
Илина Селцова – Вардар –
Ања Начевска – Вардар
Марија Димитријевиќ – Вардар
Клементина Модева – Струга 2009
Освен дуелот со Португалките, нашите кошаркарки ќе се судрат и со првиот фаворит, селекцијата на Србија на 12 ноември. Во квалификациската група се наоѓа и Украина, а првопласираните селекции и четири најдобри второпласирани ќе одат на Евробаскетот