Станува збор за Дарио Бризуела, шпанскиот репрезентативец кој го повреди грбот и нема да биде на теренот во следните две до три недели.
Бризуела е третиот кошаркар кој ја покрива бековската позиција и е повреден. Претходно каталонците останаа и без услугите на Николо Лапровитола, како и неговата замена Раул Нето кој се повреди по само неколку минути игра во дебито за шпанскиот клуб.