Навивачите на кошаркарската репрезентација на Србија, но и самите репрезентативци, како главни виновници за поразот од САД во полуфиналето на Летните олимписки игри во Париз ги истакаа судиите од Панама и Босна и Херцеговина.
Токму босанскиот судија во интервју за тамошните медиуми одговараше на новинарски прашања и за судењето на полуфиналниот меч на ОИ.
„Нема да одговарам на такви работи, секој е одговорен за свите постапки. Едноставно, не сакам да зборувам на таа тема, не сакам да долевам масло на огнот.“ – рече судијата, Адемир Зураповиќ.
Тој важи за еден од најдобрите судии на ФИБА и затоа ја добива довербата да суди големи натпревари, како што беше финалето на претходната Олимпијада во Токио.
„Ако судиш во првата фаза на Олимпијадата во Париз, потоа четвртфинале, па полуфинале, па кога ќе погледнеш што се имам судено на претходните игри во Токио, мислам дека тоа се кажува за мене.“ – додава тој.