Саша Обрадовиќ доби отказ од тимот на Монако, потврдија од францускиот кошаркарски клуб.
Ова доаѓа откако Монако беше поразен од Ле Ман во францускиот шампионат, што беше негов четврти пораз во ова натпреварување.
И покрај тоа, клубот има учинок од шест победи и четири порази во Евролигата. Затоа, ова откажување е донекаде изненадувачки.
– Монако одлучи да му врачи отказ на тренерот. Саша Обрадовиќ донесе дисциплина, работеше до исцрпеност од неговиот почеток во декември 2020 година. Придонесе за две шампионски титули во Франција, го освои Купот и Фајнл-форот на Евролигата, додека двапати беше во ТОП 8 на ова натпреварување. Името на Саша Обрадовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот тим. Управата е благодарна за сè што направи. На негово место ќе дојде Манучар Маркошвили, кој е назначен за привремен тренер – објавија од клубот.