Синоќа во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Најинтересно беше во Денвер, каде Нагетс се сретнаа со Сан Антонио Спарс, кои во тензичен финиш ги победија со резултат 113:110.
Тоа беше фантастична пресметка меѓу трикратниот МВП на лигата Никола Јокиќ (29) и неговиот колега центар Виктор Вембањама (21), најдобриот млад центар.
Јокиќ го заврши натпреварот со 41 поен, 18 скока и девет асистенции, но ниту тоа не беше доволно за победа против Спарс предводени од Вембањама. Французинот имаше 35 поени и 18 скока.
Денвер значително ја подобри формата и сега е четврти во Западната конференција со биланс од 19 победи и 14 порази. Спарс со резултат 18-16 се искачија на десеттото место на Западот и се во игра за плеј-ин.
DEVIN VASSELL'S STEAL SEALS IT. 🔥@spurs win a thriller in Denver! pic.twitter.com/Mr3DqCEPNx
— NBA (@NBA) January 4, 2025