Кошарка

Руди Гобер казнет од НБА лигата

Руди Гобер казнет од НБА лигата

НБА лигата со 100.000 долари го казни центарот на Минесота, Руди Гобер поради непримерно и непрофесионално гестикулирање кон судијата и поради јавно критикување на судиите.

Тоа го соопшто Џо Думарс, извршниот потпретседател и раководител на кошаркарските операции на НБА лигата.

Гобер се однесуваше непристојно на 8 март, по поразот на Минесота од Кливленд. Во последната четвртина, на центарот прво му беше досудена лична и потоа техничка грешка.

Тој го погледна судијата Скот Форстер и со прсти му гестикулираше пари, што е општо познат потег кога се алудира кога некој е платен односно поткупен.

 

To top