38-годишниот американски кошаркар Руди Геј одлучи да стави крај на својата играчка кариера и се пензионира по седумнаесет сезони на НБА паркетот.
На драфтот во 2006 година, Хјустон го зеде ова крило како осми пик, но Геј веднаш се пресели во Мемфис, каде што остана до 2013 година.
Потоа замина во Торонто, а потоа во Сакраменто каде играше до 2017 година и во Сан Антонио каде беше член до 2021 година. Последниот дрес што го носеше беше оној на Јута Џез од 2021 до 2023 година. Тој минатото лето потпиша со Голден Стејт, но не играше за нив.
Тој одигра повеќе од илјада натпревари во НБА лигата, со просек од 15,8 поени по натпревар со 5,6 скока.
Беше американски репрезентативец кој освои златни медали на светските првенства во Турција и Шпанија во 2010 и 2014 година.