Шпанскиот кошаркар Руди Фернандес стана првиот кошаркар кој шест пати играл на Олимписките игри.
Фернандес влезе во игра на половина од првата четвртина за време на натпреварот против Австралија .
Тој освои два сребрени медали, во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година и бронза во Рио де Жанеиро во 2016 година.
На Олимписките игри по пет пати учествуваа Шпанецот Хуан Карлос Наваро, Теофило Круз од Порторико, Австралиецот Ендру Гејз, Бразилецот Оскар Шмит и Аргентинецот Луис Скола.