Кошарка

Рондо стави крај на својата НБА кариера

Рондо стави крај на својата НБА кариера

Поранешниот кошаркар на Бостон и Лос Анџелес Лејкерс објави крај на 38-годишна возраст, одлука која не доаѓа како огромно изненадување ако се знае дека последниот меч го одигра во 2022-ра година.

Рондо најголема трага во својата блескава кариера остави во Бостон каде првпат стана НБА шампион, а потоа освои и втор шампионски прстен со Лос Анџелес Лејкерс.

Во својата кариера, Ражон уште ги бранеше боите на Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Атланта, ЛА Клиперс и Кливленд, а од индивидуланите признанија, за издвојување е тоа што четири пати беше Ол стар играч, три пати беше најдобар асистент во НБА лигата, а двапати во најдобрата одбранбена петорка.

– Готово е, за мене е крај. Не можам повеќе да играм кошарка, подобро е да минувам време со семејството. Ја ценев секоја минута која ја минав на терен, но сега сакам да минам повеќе време со семејството, – порача Рондо.

To top