Двократниот шампион во НБА, Ражон Рондо и официјално го објави своето пензионирање. 38-годишниот гард го објави ова за време на негово гостување во поткаст, чии домаќини се две легенди на Лигата – Мет Барнс и Стивен Џексон.
Рондо, кој освои титули со Бостон Селтикс во 2008 година и Лос Анџелес Лејкерс во 2020 година, беше без тим од 2022 година кога последен пат играше во НБА со Кливленд Кавалирс.
Како играч, Рондо беше еден од најдобрите додавачи и најдобрите дефанзивци на својата позиција. Тој беше избран од Феникс Санс на 26-тото место на драфтот во 2006 година, но веднаш беше разменет во Бостон Селтикс. Заедно со „големото трио“ Реј Ален, Пол Пирс и Кевин Гарнет триумфираше со титулата во 2008 година, која се уште е последна во витрината на Селтикси.
Рондо остана во Бостон до 2014 година, кога беше трејдуван во Далас Маверикс. Во следните години играше и за Сакраменто Кингс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс, Лос Анџелес Лејкерс двапати, Атланта Хокс, Лос Анџелес Клиперс и Кливленд, а во првиот ангажман во Лејкерс ја освои титулата. во партнерство со Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард.
Во својата кариера, Рондо четири пати беше избран да учествува на „Ол-стар натпреварот“, четири пати беше вклучен во еден од двата тима за „најдобри дефанзивци“, три пати ја водеше НБА во просек по асистенции по натпревар, еднаш во украдени топки, а во сезоната 2011/12 е избран во третата екипа на „Најдобри играчи“.
Во 2008 година, тој постави рекорд во НБА, започнувајќи ги сите 26 натпревари во плејофот.
На почетокот на оваа година, Рондо беше уапсен за време на полициска истрага за нелегално поседување оружје, марихуана и друга забранета супстанција. Полициската проверка била за брзо возење.