Во кошаркарскиот клуб Работнички официјално доаѓаат двајца македонски репрезентативци 21-годишниот Амар Хот и 27-годишниот Дамјан Робев.
Хот доаѓа по една полусезона помината во тимот на Вардар на кого успеа да му помогне во борбата за опстанок во елитата, додека Робев претходните три сезони ги помина во лутиот ривал на Работнички, МЗТ Скопје со кого освои три шампионски титули и два Купа на Македонија.