Кошарка

Реџи Џексон се договори во Филаделфија

Реџи Џексон се договори во Филаделфија

Реџи Џексон замина од редовите на Денвер Нагетс и се пресели во Шарлот Хорнетс.

Сепак, веднаш стана јасно дека нема да се задржи во таа средина, а сега тој е ветеранско засилување за Филаделфија 76ерс.

Џексон ќе добие „отказ“ во Шарлот, па потоа како слободен агент ќе стави потпис на договор со Филаделфија, а тоа е зделка која ќе им одговара на сите три страни.  Претходните две сезони Реџи Џексон ги мина во Денвер Нагетс.

Во минатата одигра 82 натпревари со половична минутажа и имаше просек од 10,2 поени по меч.

To top