Шпанскиот тим на Реал Мадрид е последниот патник во плејофот во Евролигата, фаза до која дојде откако славеше над Баерн Минхен со 93:71.
Ова беше завршен меч од плејин фазата, натпревар на кој гостите од Минхен не можеа да сметаат на својот најдобар играч Карсен Едвардс, повреда на грбот за која германскиот тим информираше на само неколку часа пред соочувањето во Минхен.
Хезоња со 19 и Муса со 16 поени беа лидери кај победникот, Нејпир на спротивната страна реализираше 19 кошеви. Ова се сите парови за четвртфиналната рунда во разигрувањето за пехарот.
