Францускиот кошаркарски репрезентативец Гершон Јабуселе ќе мора да паузира еден месец по повредата на коленото, информираат шпанските медиуми.
Французинот го скинал страничниот внатрешен лигамент на левото колено на мечот со Монако во Евролигата, па иако се уште нема прецизна прогноза се очекува негова подолга пауза.
Според најавите, Јабуселе се очекува да врати на натпреварите во јануари следната година. Просекот на Јабуселе сезонава во дресот на Реал Мадрид е 10,3 поени и пет скока по натпревар во Евролигата