Кошарка

Расел Вестбрук прв играч со 200 трипл дабл натпревари (ВИДЕО)

Славниот американски кошаркар Расел Вестбрук испиша историја во НБА лигата откако на натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Мемфис Гризлис стигна до неверојатен учинок од дури 200. „трипл-дабл“ во кариерата!

Вестбрук придонесе во победата на Нагетс со 12 поени, 14 асистенции и 10 скокови, со што стигна до важен индивидуален успех во најквалитетната светска кошаркарска лига. Денвер победи со конечни 122-110.

Зад Вестбрук на вечната листа е Оскар Робертсон со 181 „трипл-дабли“, а потоа следуваат Ирвинг „Меџик“ Џонсон (138) и Никола Јокиќ (136). Американските медиуми изнесоа и статистички податок дека Вестбрук и Јокиќ заедно имаат вкупно 336 „трипл-дабли“, што претставува дури 10 проценти од сите вакви учиноци во историјата.

To top