Кошаркарите на Работнички по голема борба успеаја да ја оправдаат фаворитската улога и го совладаа Гостивар со конечни 79-90 во натпреварот од 21. коло на Првата македонска лига.
Најефикасен во победничкиот табор беше репрезентативецот Ѓуроски со 19 поени, додека на спротивната страна прво име беше искусниот Дарко Соколов, кој впиша пет поени повеќе.
Работнички сега има учинок од 14 победи и седум порази, а Гостивар останува на скор од седум победи и четиринаесет порази.