Екипата на Работнички претрпе уште еден убедлив пораз од Босна, загуби вечерва во Сараево со 84:58. Ова беше натпревар од 4. коло во АБА 2 регионалната кошаркарска лига.
Претходно, и македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром е поразен, по втор пат од Хелиос Домжале. Аеродромци во драматичен загубија со 68:67.
Работнички е последен во Б-групата со четири порази на исто толку натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е трет во А-групата со една победа и три порази.