Кошаркарите на Работнички извојуваа сигурна победа над Маџари со огромни 97-74 во натпреварот од осумнаесеттото коло на македонската Супер Лига.
Најефикасен играч кај Работнички беше неверојатниот Виктор Ефремовски, кој одигра маестрална партија и запиша дури 50 поени, а на спротивната страна најдобар поединец беше Џавон Грин со деветнаесет поени.
За изданието на Ефремовски доволно говори и фактот што целата сала го скандираше неговото име во финишот на натпреварот. Покрај 50-те поени, забележа уште седум скока и две асистенции.