Кошарка

Работнички триумфираше над МКК Куманово

Работнички триумфираше над МКК Куманово

Кошаркарите на Работнички славеше над МКК Куманово на домашен терен со 80-72 во последниот натпревар од 20. коло во Првата лига на Македонија.

Домашните кошаркари уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа предност од 24-15, а до крајот на првото полувреме веќе имаа двоцифрена предност од 48-37.

Во вториот дел тимот од Скопје само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 80-72.

Koри Маниголт со 17 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Александар Радукиќ постигна 27 поени.

To top