За жал мораме да се простиме од нашата најголемата легенда во историјата на македонската кошарка,кој воедно беше дел и од нашиот Работнички! На 85 години почина Лазар Лечиќ, иконата на македонската кошарка, информираат од Кошаркарски клуб Работнички.
Еден од најистакнатите кошаркарски работници во Македонија, но и во екс Југославија. Човекот кој остави длабока трага и не само на кошарката на овие простори.
Лазо беше тренер од највисока класа во свое време. Тој беше човекот кој важи за основоположник на македонската кошарка.
По негово водство Работнички беше еден од најголемите клубови во некогашната држава, беше почитуван и респектиран. Благодарение на Лазо тој е еден од најзаслужните за изградба на салата во Градски Парк во 70тите години .
Беше дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија на СП 1970 година кога за првпат беше таа земја стана светски шампион.
Во Македонија работеше и во Работнички Ад , а надвор работеше и како тренер на Арис.
Беше добитник на неколку државни награди како и онаа “8 Септември“.