Скопски Работнички оствари уверлива победа над Чаир 2030 со 86:63 на мечот од 4. коло во Првата машка кошаркарска лига.
Центарци успеаа да го добијат градското соочување откако се покажаа како подобри од три од четирите четвртини. Чаир беше добар во почетните 10 минути (22:17), но потоа се мина во знакот на избраниците на Самарџиев кои од период во период ја добиваа битката и ја градеа предноста.
Полутак беше прво име со 27. реализации и 8.скока, Робев имаше 22.поени, додека кај поразените Кирк и Мофит уфрлија по 15.поени.
ТФТ пак останува единствениот тим со 100 процентен учинок, последна жртва беше Феникс. Клубот од Тафталиџе триумфираше со 80:63 и тоа откако одигра тимски и потврда за тоа е двоцифрениот ефект на комплетната стартна петорка.