Кошарка

Работнички ја прекинаа серијата од три порази по победата над Кожув

Работнички ја прекинаа серијата од три порази по победата над Кожув

Кошаркарскиот клуб на Работнички славеше над Кожув со 99:92 во натпреварот од 15. коло на Супер лигата.

Скопските „црвено-бели“ ја прекинаа серијата слаби игри и запишаа важна победа на домашен терен.

Најзаслужен за овој триумф беше центарот Рикиќ кој одигра неверојатен натпревар.

​Тој постигна 34 поени и додаде 14 скока за вкупен индекс од 41.

​Голема поддршка имаше од Ефремовски кој заврши со 21 поен.

​Новиот кошаркар Александар Костоски дебитираше со одлични 20 поени и четири асистенции.

Кај екипата на Кожув најефикасен беше Бојчев кој натпреварот го заврши со 21 поен.

To top