Дуелот кој се одигра во СРЦ „Кале“ беше диктиран од страна на домаќините и покрај тоа што Пелистер се закануваше во неколку наврати, но фактот што домаќинот доби три од четирите четвртини, најдобро ја отсликува заслужената победа остварена со двоцифрена предност.
Работнички на крајот победи со 84:70 и извојува победа која ќе им дојде добро и на верните навивачи, но и на самиот тим кој сега го мина Пелистер на првенствената табела со скор 6-2
Полутак беше прво име на паркетот со 28 поени и 14 скокови во победата на Работнички, Капетановиќ уфрли 15 поени, додека во лошото издание на Пелистер се истакна Стајиќ со 20 поени.