Кошаркарите на Работнички извојуваа победа над Гостивар во натпреварот од петтото коло во Првата македонска лига, славејќи со конечен резултат 75-50.
Домаќините одлично го отворија мечот и ја добија првата делница со 25-18, а со позитива излегоа и по втората четвртина.
На паузата Работнички водеше со 41-30, со што најави дека е порасположен тим на паркетот. Во второто полувреме разликада драстично порасна. Скопјани продолжија да ги казнуваат сите противнички грешки, па предноста само растеше. На крајот Работнички слави со највисоките „плус 25“.
Најефикасен играч во победничкиот тим беше Џордан О’Нил со 20 поени, а на спротивната страна се истакна Абрам со 18.
Во следното коло Работнички ќе игра со Чаир на домашен терен, додека Гостивар ќе го пречека тимот на Куманово.