Кошарка

Првиот човек на италијанската кошарка доживеа тешка сообраќајка

Првиот човек на италијанската кошарка доживеа тешка сообраќајка

Претседателот на кошаркарскиот сојуз на Италија, Џани Петручи заврши во болница поради повреди со кои се здобил во сообраќајна незгода во близина на Рим.

Првичните информации беа дека Петручи е во тешка здравствена состојба, меѓутоа докторите од болницата „Сан Камило Форланини“ соопштија дека неговиот живот не е во опасност.

Петручи е еден од највлијателните луѓе во италијанската кошарка со години, а беше претседател на кошаркарскиот сојуз и во период меѓу 1992 и 1999 година.

To top