Претседателот на ФИБА Европа, Шпанецот Хорхе Гарбахоса е во посета на Македонија додека Кошаркарската Федерација го организира второто во низа Европско младинско првенство за ова лето.
Гарбахоса беше пречекан од својот долгогодишен пријател и претседател на КФСМ, Перо Антиќ и од генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.
Со раководството на федерацијата, а на покана на претседателот на владата на Македонија,Христијан Мицкоски, Гарбахоса оствари работна посета во Охрид. Шпанецот таму беше пречекан и од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и од министерот за спорт, Борко Ристовски.