Кошарка

Проценката на Евролигата надмина три милијарди евра

Проценката на Евролигата надмина три милијарди евра

Евролигата објави дека инвестицискиот фонд „ЈБ Капитал“ ја проценил вредноста на елитното европско кошаркарско натпреварување на 3,2 милијарди евра, според извештајот доставен до раководството на лигата и клубовите членки.

Од вкупната сума, помал дел се припишува на самата лига (1,41 милијарди евра), додека вкупната вредност на сите клубови од лигата се проценува на 1,8 милијарди евра.

Разликите меѓу клубовите се значајни, некои клубови вредат околу 60 милиони, додека највредните вредат и до 320 милиони евра.

Проценките се базирани на релевантни економски индикатори, а раководителите на Евролигата очекуваат континуиран раст на приходите и „EBITDA“, со просечна годишна стапка на раст од повеќе од 10% од сезоната 2022/23 до 2034/35.

Клуч за идниот развој е транзицијата кон франшизен модел сличен на НБА и евентуалното проширување на натпреварувањето.

Според проценките, ова би можело да ја зголеми вкупната вредност на Евролигата за дополнителни 25%, достигнувајќи дури 4,3 милијарди евра во наредните сезони.

To top