Кошарка

Промена во тимот на Македонија за дуелот со Грција

Промена во тимот на Македонија за дуелот со Грција

Со една промена во состав ќе биде женската кошаркарска репрезентација на Македонија во дуелот со Грција, втор во квалификациите за Евробаскетот 2027 година.

Со оглед на „структурата“ на наредниот противник, селекторот Александар Ашаданов се одлучи за една малку, поинаква, односно повисока формација. Во „финалните 12“ ја стави Теа Трајковска, која ќе треба да биде во онаа внатрешна линија во нашата селекција во која се Мерит Хемпе, Ивана Кметовска, Матеа и Милица Николиќ.

Трајковска влегува во официјалниот протокол за натпреварот на местото на Јана Пислевска, која останува со тимот, во кој е и Мартина Маркоска.

Натпреварот Македонија – гжГрција на програмата денес од 18 часот во СЦ ,,Кале”.

To top