Кошарка

Прогласена најдобрата петорка на дебитантите во НБА

Прогласена најдобрата петорка на дебитантите во НБА

Центарот на НБА тимот на Сан Антонио, Виктор Вембањама и центарот на Оклахома Сити Тандер, Чет Холмгрен ја предводат најдобрата „дебитантска“ петорка во сезоната.

Покрај нив во првата петорка на дебитантите се и Брендон Милер (Шарлот), Џејми Жакез јуниор (Мајами) и Брадин Поџиемски (Голден Стејт).

НБА објави и втора дебитантска петорка во која се најдоа Дерек Лајвли (Далас), Амин Томпсон (Хјустон), Кејонте Џорџ (Јута), Кејсон Валас (Оклахома) и ЏејЏеј Џексон (Мемфис).

Вембањама, кој беше прв пик на НБА драфтот лани, имаше просек од 21,4 поени, 10,6 скока, 3,9 асистенции и 3,6 блокади (најмногу во лигата) на 71 натпревар.

To top