Милвоки Бакс се соочуваат со најтешкиот период во последните неколку сезони.
По поразот од десеткуваниот Денвер (102-100), тимот доби уште лоши вести – нивниот лидер Јанис Антетокумбо очекува да отсуствува од терените помеѓу четири и шест недели поради обнова на повредата на листот на десната нога.
Тренерот Док Риверс исто така не криеше дека ситуацијата е загрижувачка:
„Искрено, не изгледа добро. Оваа повреда постојано се враќа и тоа е проблематично за сите нас“.
Бакс моментно имаат скор од 18 победи и 26 порази, што ги става на 11-то место во Источната конференција, надвор од местата кои водат во разигрувањето.
Статистиката е немилосрдна: тимот има само 3 победи и дури 11 порази на натпреварите на кои Јанис не настапи оваа сезона.