Кошарка

Проблем за Летонија, се повреди Порзингис

Проблем за Летонија, се повреди Порзингис

Летонската кошаркарска репрезентација ќе биде сериозно ослабена за престојните квалификации за Летните олимписки игри во Париз каде дел од тимот нема да биде најдобриот кошаркар Кришстапс Порзингис.

Крилниот центар кој ја освои НБА лигата со Бостон Селтикс се здоби со скинат ретинакулум и дислоцирана задна тибијална тетива во натпреварот број два од финалето на НБА и мора да замине на операција со што со сигурност нема да биде дел од репрезентацијата ова лето.

To top