Кошарка Настапот е неизвесен

Проблем за Денвер: Јокиќ се повреди!

Покрај Јокиќ, повреден е и вториот најдобар играч на Денвер, Џамал Мареј.

Проблем за Денвер: Јокиќ се повреди!

Најдобриот кошаркар во НБА, Никола Јокиќ најверојатно ќе го пропушти вечерашниот дуел против Њу Орлеанс поради повреда на раката која ја доживеал на тренинг.

Според новинарот на „Денвер Спорт“, Харисон Винд, тој има воспалениот на зглобот на десната рака и веќе е ставен на листата на повредени играчи за мечот со Пеликанс, а покрај неговото име стои дека неговиот настап е неизвесен. Јокиќ излегол од денешниот тренинг со облога со мраз околу зглобот и многу веројатно тренерот Мајкл Мелоун нема да ризикува со него, пренесе Спорт1.

Покрај Јокиќ, повреден е и вториот најдобар играч на Денвер, Џамал Мареј кој на мечот против Чикаго во саботата го напушти теренот во втората четвртина поради болки во тетивата.

To top