Кошарка

Предраг Стојаковиќ примен во „Куќата на славните“ на ФИБА

Предраг Стојаковиќ примен во „Куќата на славните“ на ФИБА

Познатиот српски кошаркар Предраг Стојаковиќ оваа година ќе биде примен во Куќата на славните на ФИБА.

Победникот на Светското првенство во Индијанаполис влегува во куќата заедно со Реџи Милер, кој играше за тимот на САД на истиот шампионат.

Стојаковиќ освои речиси се во кариерата. Прво беше јуниор во Црвена звезда, потоа успешно играше за грчки ПАОК, а оттаму замина во НБА каде со години беше заштитно лице на Сакраменто Кингс.

Тој не успеа да стигне до титулата во НБА со Владе Дивац, Мајк Биби, Даг Кристи и Крис Вебер, но подоцна тоа го направи со Дирк Новицки во Далас.

To top